Мени

Авганистанец продавал марихуана во Лојане

08.08.2017 11:03 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Н.(23) од Кабул - Авганистан, за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Авганистанец продавал марихуана во Лојане

Пријавениот на точно неутврден датум од непознато лице неовластено набавил наркотична дрога заради продажба и на 03.08.2017 година, во с.Лојане при извршен преглед кај истиот пронајдени се 64,9 грама наркотична дрога марихуана.