×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бадник се славеше и во Српската заедница

    06.01.2015 14:02 | KumanovoNews

    Српската заедница во Куманово денеска во своите простории, за членовите организираше прослава на Бадник.

    Бадник се славеше и во Српската заедница

    Според традицијата, на присутните им беше поделено бадниково лепче, а паричката се падна кај годинешниот кум, претседателот на општинската организација на ДПСМ Бобан Јаќимовиќ.

    Ова е четвртипат како го одбележуваме Бадник во Српската заедница, а паричката по трет пат се паѓа во мојата фамилија. Верувам дека тоа носи среќа затоа што претходната година ми се случија многу убави работи на политички, личен и професионален план. Најважното е тоа што ќе добиеме принова, трето дете. Нешто што ни беше среќен зачеток во 2014 и се надевам дека успешно ќе се заврши во 2015 година. Се надевам дека во 2015 година, сите овие работи ќе ги надополниме со убави моменти, кои што ќе ни останат во трајно сеќавање. На сите мои пријатели и сограѓани им ги честитам Божиќните празници со желба за мир, простување и благосостојба во Новата година„-изјави Јакимовиќ.

    Прославата по повод Бадник, во Српската заедница се прославува по четврти пат. Утринава од Старо Нагоричане се донесени бадникови гранчиња, кои беа поделени на членовите на Српската заедница.

    Сакам да се заблагодарам на домаќините во Старо Нагоричане, каде што беше подготвена бадникова трпеза и на семејството Јаќимовиќ за богатата празнична трпеза во Српската заедница. Овој датум е ставен во годишната програма во календарот за одбележување на значајни датуми, а ние како православни христијани целта ни е да ги одбележуваме овие обичаи во Република Македонија.Следната година ќе одиме по бадникови гранчиња во населба Карпош„- изјави  Горан Зафировиќ, претседател на СЗ Куманово.