×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Баклава и јагнешко за средношколците Mакедонци за Курбан Бајрам

    18.10.2013 09:58 | KumanovoNews

    Средношколци од повеќе македонски училишта денеска отидоа да го честитаат Бајрам на своите врсници  во албанските паралелки од економското училиште  “Перо Наков“ .

    Баклава и јагнешко за средношколците Mакедонци за Курбан Бајрам

     Гостите ги пречека богата празнична трпеза со традиционални јадења баклава и јагнешко печење за Курбан Бајрам, кои учениците ги подговиле со помош на родителите.

     Целта е да се запознаеме подобро, да се дружиме, да имаме повеќе идеи. Јадењата се традиционални за Бајрам. За Бадник ние бевме кај македонските ученици, бевме во црква, лани бевме во џамија, но оваа година решивме овдека да биде средбата - изјави Мирлинда Реџепи, координатор.

    Пред присутните се обрати и директорот на “Перо Наков“, Момчило Антевски кој на припадниците од исламска вероисповед им го честиташе празникот Курбан Бајрам.

    Тука сме да го овозможиме овој проект кој трае трета година. Проектот е за запознавање на култури, обичаи. Ние сме различни по религија, но сме посилни бидејќи сме заедно, се почитуваме едни со други. Мислам дека овој проект ќе продолжи во уште подобра насока - рече Антевски.

    На настанот беше присутен и оџа од кумановското муфтинство кој зборуваше за значењето на празникот Курбан Бајрам. Тој објасни дека преку курбанот верниците се доближуваат до Господ, а празникот поминува во знакот на солидарноста и почитувањето меѓу луѓето.

    Денешната посета на албанските паралелки од “Перо Наков“ е дел од проектот “Безбедни училишта“ кој се реализира со СВР Куманово и ОБСЕ. Мотото на проектот е “Спречи насилство за безбедна иднина“.