Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во МКЦ “Козјак“ вечерва ќе продолжи со прикажувањето на филмот “Балканот не е мртов“ во 20 часот.
"Балканот не е мртов" е прв самостоен филм на режисерот Александар Поповски. Сценариото за филмот го напиша Дејан Дуковски, заедно со Александар Поповски и Ана Ласиќ, според истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски од 1994 година.
Филмот ја раскажува љубовната приказна меѓу Елени Каринте од Битола и Кемал Ататурк, од една страна, како и љубовта меѓу Осман - бег и Македонката Цвета.
Главните улоги ги толкуваат: Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Наташа Тапушковиќ - Шолак, Раде Шербеџија, Благој Веселинов, Никола Ацески, Ертан Шабан, Сузан Акбелге и Сашка Димитровска. Aвтор на музиката е Кирил Џајковски.