Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера попладне, на булеварот Октомриска револуција, падна телефонски столб и оштети паркиран автомобил.
Според очевидци на настанот, бандерата паднала откако камион закачил жици на кабловски телевизии, кои биле ниско поставени. Кога ги скинал жиците камионот ја повлекол бандерата, која се откорнала и удрила во автомобил Мазда 2 и ја скршила шофершајбната. Увид на лице место извршила полицијата.