Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Улиците “Денко Драганов“ и “Григор Прличев“ добија бекатон. Граѓаните на овие две сокачиња, кои се наоѓаат кон Спортската сала повеќе нема да газат кал.
На свеченото пуштање во употреба, лентата ја пресекоа градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Советот Максим Димитриевски.
Ова се едни од најстарите улици во градот, улици со калдрма. Програмски е ставена минатата година, а оваа година е завршена. Тендерска постапка е изведена. Се работи за 2000 метри квадратни бекатон. Има поставено и тротоари. Цената на изведба е околу 2 милиони денари. Тоа се две улици кои една со друга коинцидираат. На овој начин ги затворивме нашите ветувања за голем процент или целото градско јадро да биде Куманово без калдрма. Тоа беше нашата заложба во почетокот на нашата кампања и програма од минатите избори - изјави Дамјановски.
Тој кажа дека и покрај опструкција од власта, работат на 38 проекти. Во наредните денови ќе бидат пуштени уште неколку улици и тоа “Иван Горан Ковачиќ“, “Љубица Мијалковиќ“, “Питу Гули“. Во завршна фаза е и “Ѓуро Пуцар - Стари“. Затварање на карабина на базенот ќе биде на 10 ноември.