Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фото клуб Куманово организира бесплатна школа за уметничка фотографија, на која можат да се пријават сите заинтересирани граѓани.
Школата ќе се одржи од октомври од јуни, а тематски ќе биде поделена на два дела. Првиот дел ќе опфаќа предавања од историјата и филозофијата на фотографијата како и техничките (аналогна фотографија и филм, бленда, експозиција, ISO сензитивност, фокус) и естетските (кадар, композиција, боја, текстура и сл.) сегменти на фотографската уметност. Вториот дел од школата ќе биде посветен на дигитална манипулација со фотографии и користење на Adobe Photoshop.
„За време на фото школата ќе бидат организирани повеќе фото-сафари дружења во Куманово и околината. Исто така, раководителите на фото школата ќе се потрудат да овозможат предавања на познати домашни и светски фотографи со цел доближување на курсисте до актуелните трендови во уметничката фотографија. Планирани се и напредни фото курсеви на теми како црно-бела (noir) фотографија, астрофотографија и фотографски звања“, информираат од Фото клубот.
Предавањата ќе ги држи искусниот фотограф Владимир Јовановски, заедно со претседателот на фото клуб Куманово – Марина Крстиќ и Стефан Илиевски, во просториите на клубот на „Титова Митровачка“ бр.2, населба Гоце Делчев.
„Курсистите што ќе ја завршат фото школата ќе се стекнат со сертификат за завршен курс издаден од страна на фото клуб Куманово и со тоа ќе добијат право да станат членови на клубот. Пресек од најуспешните фотографии на курсистите ќе биде изложен на Малински фото фестивал 2024. За пријава или повеќе информации контактирате не на емаил адресата [email protected]“, изјави Марина Атанасовиќ од Кино Козјак.