Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бесплатни курсеви по англиски јазик ќе се оддржуваат во период од 31 март до 12 април годинава во Куманово.
Курсевите ги организира англиската организација „Вејв проџектс“, а граѓаните можат се пријават на бројот 077 956 611.
Сите заинтересирани граѓани до крајот на месецот можат да се пријават по што ќе следи тестирање за да се утврди степенот на познавање на јазикот и кандидатите да се распоредат во групи. Часовите ќе се оддржуваат попладне од вторник до сабота во Комитет. Предавачите ќе бидат од Англија. Се работи за интензивен курс и по завршување на предавањата ќе има тестирање. Оние кои ќе го поминат тестот ќе добијат сертификат - вели Светле Петрушевска, координатор на проектот.
Вакви курсеви досега се реализирани во БИХ и Србија, а Куманово е првиот град опфатен во проектот кој ќе трае 5 години..