Бесплатно мерење на шеќер во крвта
31.10.2012 09:45
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад кај споменикот на Батко Ѓорѓија, утре со почеток во 11 часот ќе се спроведе акција за мерење на шеќер во крвта.

Мерењето ќе биде бесплатно и со оваа акција ќе се одбележи 14 ноември - Светскиот ден за борба против дијабетес.
Настанот го организира Здружение на дијабетичари на општина Куманово, а учество ќе земат членовите на Мото клубот “Мечки“ од нашиот град.
Тие утре предпладне со своите мотори ќе продефилираат по градските улици.