Без струја дел од центарот на градот и околината
Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска и во наредните денови ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Куманово и околината.
Денеска, 22 октомври, без струја од 8 до 13 часот ќе бидат делови од улиците „Трета Македонска ударна бригада“, „11 Октомври“ и „ЈНА“, како и Полициската станица во Куманово.
Од 9.30 до 12.30 часот прекин ќе има и во дел од индустриската зона Речица.
Во понеделник, 26 октомври, од 8 до 14 часот без струја ќе бидат дел од улицата „11 Ноември“, кај маркетот „Селман“, и дел од улицата „Србо Томовиќ“.
Истиот ден, од 8 до 15 часот, прекин во снабдувањето е најавен и во селото Стрезовце, во општина Старо Нагоричане, поради реконструкција на нисконапонската мрежа.
Во вторник, 27 октомври, од 8.30 до 15 часот без електрична енергија ќе биде дел од улицата „300“, на потегот од магистралниот пат до чешмата.