Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 15 октомври до 15 ноември градската библиотека “Тане Георгиевски“ организира низа активности со кои ќе се одбележи Месецот на книгата.
По тој повод во септември беше распишан награден литературен и ликовен конкурс на тема “Книгата што сакам да ја имам за лектира“. На оваа тема ќе творат основците и средношколците од училиштата во градот.
Рокот за пристигнување на творбите е 15 октомври. Жирито ќе ги разгледа творбите и ќе донесе одлука кои ученици да бидат наградени со книги. Ќе има една прва, две втори и три трети награди во конкуренција на основци и средношколци. На 15 октомври ќе се оддржи општинскиот натпревар за млади библиотекари во просториите на библиотеката, а на 19 месецов ќе биде републичкиот натпревар за млади библиотекари во Скопје. На 30 октомври ќе биде промовирана книга од нашиот познат писател Христо Петрески - изјави Нада Ивановска, директор на библиотеката “Тане Георгиевски“.
Завршната свеченост од празнувањето на Месецот на книгата ќе се оддржи во ноември во едно од училиштата во градот каде наградените ликовни и книжевни творци ќе ги добијат наградите од конкурост кој е во тек. Учениците, наставниците, библиотекарите и писателите секоја година Месецот на книгата го одбележуваат организирајќи најразлични културни настани.