×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Библиотеката и градинката добија нови членови во одборите

    13.07.2013 11:05 | KumanovoNews

    Советниците вчера гласаа за новите членови на управниот и надзорниот одбор на Градската библиотека “Тане Георгиевски“ и градинката „Ангел Шајче„.

    Библиотеката и градинката добија нови членови во одборите

    Во Градската библиотека управниот одбор го сочинуваат: Лидија Тасевска, Лозанка Симоновска, Силвана Станојковска, Мирјана Златановска и Урем Кадриу. Во Надзорниот одбор за контрола на материјално - финасиско работење на библиотеката се Ана Анѓеловска, Сандра Петрушевска, Марија Богданска - Михајловска, Исмаил Сулејмани и Ајтене Рушити.

    Во Управниот одбор на детската градинка “Анѓел Шајче“ ќе членуваат Љупчо Димитриевски, Синиша Саздовски и Исмаил Џељадини.

    Во Надзорниот одбор се: Христина Крстевска, Елена Ванчевска, Убавка Георгиевска, Башким Саити и Енвер Салии.

    Од Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања при Советот на Општина Куманово рекоа дека при составување на предлозите се водело сметка членовите да бидат со високо образование и да имаат искуство во соодветната бранша.