×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Биди подготвен за безбедно патување во зима, препорачаа надлежните за безбедностa во сообраќајот

    16.12.2020 22:28 | KumanovoNews

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, денеска со делење на флаери на возачите, спроведе кампања за користење на зимска опрема на патиштата.

    Биди подготвен за безбедно патување во зима, препорачаа надлежните за безбедностa во сообраќајот

     Целта на кампањата е да се подигне свеста кај возачите за поголема употреба на зимска опрема, особено во утринските и доцните вечерни часови, кога на патиштата има појава на голомразица.

    „Постојат два вида на заштита, она што го предвидува законот, за автомобилите до 3,5 тони, да се користат само зимски гуми со минимална длабочина на шарите од 4 милиметри, а другата опција е да се користат летните гуми со минимална длабочина на шарите од 4 милиметри во комбинација со синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала. Она што често ги збунува граѓаните е тоа доколку поседуваат зимски гуми немаат обврска да поседуваат ланци во возилото, меѓутоа сепак заради некои екстремни ситуации на планина, не е лошо да се поседуваат“, - изјави објаснува Ристо Мачев од РСБСП.

    Тој додава дека зимските гуми поседуваат повисок степен на безбедност, бидејќи тие се постабилни и подобри на темперетури под 7 степени, додека летните гуми при ниски температури, поради матерјалот од кој се направени, добиваат својство на пластика и лизгаат по коловозот.

    Искуствата покажуваат дека возачите во последните години повеќе употребуваат зимски гуми, меѓутоа не е мал бројот на возачи што користат комбинација од летни гуми и синџири за снег.

    (С.Н.)