×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Билборди „На патот“ за туристичка промоција на регионот

    22.01.2020 15:10 | KumanovoNews

    Во рамките на проектот „На патот“, кој го спроведува здружението „ЛАГ АБЕР-2015“ поставени се билборди за промоција на туристичкиот потенцијал во регионот.

    Билборди „На патот“ за туристичка промоција на регионот

    Станува збор за ликовно конципирани билборди, кои се изработени за локалните угостителски објекти кои се наоѓаат „на патот“ по кој минуваат туристите во посета на културно-историските споменици во кумановскиот регион.

    - Билбордите се изработени за рестораните „Кокино“ и „Грација“ (Куманово) , „Фрателис“ и „Етно - село“ (Старо Нагоричане) и „Панорама“(Липково). Освен што на тој начин сакаме да ја подобриме визибилноста на овие претпријатија кои се во функција на развојот на руралниот туризам, во исто време сакаме и да ги поттикнеме менаџерите на малите и средните бизниси од регионот да размислуваат за поактивно ангажирање на уметниците во остварувањето на своите комерцијални активности, пред се во делот на визуелизација на нивната понуда, уметнички дизајнирани билборди, веб страни, брошури и сл.,- изјави координаторот Дејан Георгиевски.

    Со оваа активност сака да се покаже дека со меѓусебната соработка ќе се создаде атмосфера на поактивно ангажирање на творечките капацитети на кумановските уметници за комерцијални цели.