×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бинго пронајден во Драгоманце

    01.12.2014 09:12 | KumanovoNews

    Претседателот на Здружението на бранители “Куманово 2001„ Предраг Петрушевски - Бинго (47), кој утринава беше пријавен за исчезнат, полицијата го пронашала жив и здрав во викендичка во околината на Куманово.

    Бинго пронајден во Драгоманце

    Тој не се појавил дома од вчера, по што утринава роднините пријавиле во полиција. Петрушевски брзо бил лоциран и пронајден во викенд куќа на негов пријател во селото Драгоманце.

    “Вчера околу 8.30 часот го викнал брат му да му помогне да ја запалат колата, додека ние уште спиевме. Отиде да купи бои за мебел, кои му се потребни за работа и не се врати. Ова е прв пат дома да не се појави 24 часа. На мобилен телефон е недостапен, никој не се јави да ни каже дека некаде го видел„ - изјави за Кумановоњус сопругата Маја, пред неговото пронаоѓање.

    На Петрушевски најверојатно му се исклучил мобилниот телефон, па бил недостапен. Информацијата за пронаоѓањето на поранешниот бранител ја потврди полицијата и семејството.