×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бизнисмените се запознаа со најновите европски програми

    27.01.2016 13:18 | KumanovoNews

    Бизнисмените денеска се запознаа со најновите европски програми,  на настан кој го организираше Бизнис центарот при Центарот за развој на североисточниот плански регион. 

    Бизнисмените се запознаа со најновите европски програми

    Акцентот беше ставен на најновите европски програми, фондови и проекти кои се присутни во Република Македонија, а кои се финансираат од  ЕУ во период  од 2014 до 2020 година. 

    Тука ќе можеме малку одблиску да се запознаеме со сите критериуми и услови кои ги нудат овие европски фондови, ќе можеме да ги видиме можностите и бенефитот што ќе го имаат малите и средните претпријатија токму од нивно користење. На некој начин ќе ги поттикнеме денеска малите и средните претпријатија од регионот малку повеќе да ги користат во иднина овие европски фондови, бидејќи со нивна помош ќе можат да имаат поголем раст на нивните компании, конкурентност на пазарот, иновативност на некој начин ќе можат да креираат и поголем број на работни места“-вели Димитар Ташевски, раководител на Фондација за развој  на  мали и средни претпријатија. 

    Виолета Атанасовска, национален координатор за европската рамковна програма за истражување и иновации при Министерство за образование и наука , објасни дека програмата хоризонт 20-20 е можеби најпрестижната програма во областа на истражувањата и иновациите со буџет од околу 80 милијарди евра.

    Оваа програма ги подржува истражувањата и иновациите апсолутно во секој сегмент од општественото живеење и во неа може да се најде секој што е заинтересиран. Меѓутоа фокусот овој пат е на малите и средни претпријатија и за нив се нудат извонредни можности треба само да се пројави интерес и да се учествува. Учеството не е едноставно мора да се напомене дека се работи за комплексна програма, многу компетитивна во неа учествуваат најголемите компании од светски рамки, меѓутоа за секого има место и еве ќе ги поттикнеме се надевам со овој настан нашите мали и средни претпријатија да пројават поголем интерес и да почнат да учествуваат во истата - рече таа. 

    Додава дека во претходната рамковна програма ФП7 учествувале  22 мали и средни претпријатија кои постигнале одлични резултати.