×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со купување гласови, обвини Тасевска

    13.10.2021 12:54 | Сузана Николиќ

    Кумановската и македонската јавност вчера слушнаа како кандидат за советник, директор на основно училиште и близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со кои купува гласови. Цената на еден глас изнесува 500 денари плус 500 денари за посредникот на зделката, кажа денеска на прес конференција пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.

    Близок соработник на Максим Димитриевски прави зделки со купување гласови, обвини Тасевска

    „Ова почитувани е срамно, неодговорно и пред се незаконско дејствување на Максим Димитриевски и неговиот тим. Ова е класично режимско постапување од најлошите години на режимот. Со ваквото однесување Максим Димитриевски го покажа своето вистинско лице и уште еднаш покажа дека не е социјалдемократ, како што се претставува“, додаде Тасевска.

    Таа ги повика надлежните институции веднаш да постапат по овој случај, да се отвори истрага, да се утврди одговорност и да следуваат соодветни санкции. 

    „Куманово памети како ВМРО-ДПМНЕ со години поткупуваше, уценуваше, заплашуваше граѓани во обид да ги притисне и на сила да завладее со Куманово. Тоа никогаш не им успеа. Нема да му успее ниту на Максим. Граѓаните во оваа кампања го видоа неговот вистинско лице. Кумановци и кумановки се чесни, горди и  достоинствени луѓе кои никој не може да ги купи, нема да успее ниту Димитриевски“, заврши Тасевска.