×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Блокиран патот во Черкеско село

    15.07.2015 15:01 | KumanovoNews

    Во знак на предупредување што повеќе од 10 дена немаат вода за пиење, жителите на Черкеско село денеска по 16 часот го блокираа стариот пат Куманово-Скопје. Протестот ќе трае до 17 часот, по што жителите ќе го ослободат патниот правец за непречено одвивање на сообраќајот.

    Блокиран патот во Черкеско село

    Доколку водоснабдувањето не се регулира до утре сабајле, протестот ќе се интензивира од утре.Тогаш нема да отстапиме од нашите барања под никаква закана. Имам информација дека попладнево е пуштена водата и во текот на ноќта ќе добиеме вода - вели претседателот на месната заедница Фадиљ Шабани.

    Во Черкеско село нема вода повеќе од 10 дена поради што жителите пред неколку дена го најавија протестот.