Мени

Блокирана сметката на „Чистота“

22.03.2017 14:34 | KumanovoNews

 Блокирана е сметката на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, поради долг кон УЈП стар повеќе од 15 години.

Блокирана сметката на „Чистота“

Долгот изнесува над 50 милиони денари, по основ на побарување и камати.

„Се работи за долг од пред 15 години кој беше репрограмиран, само каматата е над 40 милиони денари, а сега е активиран. Целта е да са создаде хаос во општината. Нашите жалби беа одбиени од Судот и незнаеме како понатаму ќе постапуваме. Ќе биде доведена во прашање работата на претпријатието, - изјави градоначаникот Зоран Дамјановски.

Тој појасни дека на претпријатието не му е дозволено да располага ни со минимум средства, со кои ќе може да ги извршува основните работи и да се исплаќа плата на вработените.

Со сличен проблем се соочувала и општина Струмица, поради што градоначалникот смета дека се работи за политичка пресметка со не истомислениците.

Доколку не се реши проблемот во наредните денови, надлежните најавуваат прес конференција за целиот случај.