×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • БМВ удри во банкина на автопат, еден загинат четворица повредени

    30.10.2014 15:16 | KumanovoNews

    Беадин Р.(44) од Черкеско село загина, а неговите роднини Б.Р.(27) Ф.Р.(32), А.Р.(51), и А.Р.(21) сe тешкo повредeни во сообраќајната несреќа што напладне се случи на автопатот Куманово-Скопје, кај бензинската пумпа на Макпетрол во селото Романовце.

    БМВ удри во банкина на автопат, еден загинат четворица повредени

    До несреќата дошло околу 12 часот, кога возачот на автомобил БМВ со кумановски регистарски таблички, кој се движел кон Скопје, во еден момент изгубил контрола на возилото и удрил во банкината пред пумпата. Од силината на ударот возилот се превртело неколку пати и завршило на проширувањето на излезот од пумпата. Во тумбањето од колата испаднал Беадрин, кој од задобиените повреди починал на самото место. Останатите повредени се пренесени во кумановската болница, но по укажаната лекарска помош двајца се пуштени дома, а еден поради сериозноста на повредата е пренесен на клиниките во Скопје.

    Увид на лице место извршиле полициско судски екипи кои ќе ги утврдат причините за несреќата.

    За само една недела ова е втора сообраќајна несреќа на автопатот Куманово- Скопје. Минатиот петок на надвозникот на влезот во Куманово беше пегазена 34 годишна жена додека го претрчувала автопатот. Возачот што ја прегазил побегнал и сеуште не е фатен. Се знае дека се работи за странски државјанин кој со возилото влегол на граничниот премин Табановце.