Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во несреќата најтешко е повредни Душко Томиќ, познат арабаџија во Куманово, кој во критична состојба е прeнесен во Ургентниот центар во Скопје.
Четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што напладне се случи на раскрсницата на булеварите „Октомвриска револуција„ и „Трета МУБ„ во Куманово, кога бемве урди во запрежна кола. Во несреќата најтешко е повредни Душко Томиќ, познат арабаџија во Куманово, кој во критична состојба е прeнесен во Ургентниот центар во Скопје. Останатите повредни Исмет Д., Јовица С. и Живко М. се задржани на лекување во кумановската болница.
Сообраќајката се случила во 13.10 часот, кога автомобил БМВ со кумановски регистарски таблички, управуван од Л.Љ.(18) со голема брзина удрил во запрежната кола, која чекала на семафорот. Возачот не успејал да ја фати кривината и се поткачил на тротоарот, собрал велосипедист и удрил во запрежната кола и коњот. Во приколката седела 3 лица, кои пренесувале стар мебел, а на тротоарот Живко М. се движел со велосипед. Повредените биле фрлени на асфалтот и се здобиле со повреди по главите и телото. Дрвената колата и мебелот целосно се искршени, животното што је влечело колата стоеше со скршена нога, а оштетено е и патничото возило кое ја предизвикало несреќата. Повредените со Итна помош се пренесени во кумановската болница. Полицијата изврши увид и ги испитува причините за сообраќајката.