Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секторот за култура при Општината Куманово во првиот квартал од годината ќе реализира повеќе културни манифестации поврзани со одбележување на традиционалните празници на етничките заедници во градот, што се предвидени во стратешката програма на секторот.
Одбележувањето го започнавме со прославата на Божиќ, а вчера беше одржана и манифестација по повод празникот на Ромите Василица. Следува одржувањето на „Пивтијадата„ , на 27 јануари ќе биде прославен празникот на српската зедница „Свети Сава„, а на 7 март Денот на просветните работници Албанци- вели Жика Крстевски раководител на секторот.
На првата седница на Советот на Општината која најверојатно ќе се одржи на 26 јануари, ќе биде донесена програмата за култура за првото тромесечие во 2012 година. Во годишната пак програма нема да има поголемо отастапување во однос на минатата година, и покрај стандардните манифестации Тамбурашки фестивал, Рома-труба фест, Кумановскио-културно лето и други, ќе се даде подршка и манифестации и промоции на невладини организации и поединци.