×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Богата туристичка понуда за празникот на жената

    08.02.2016 10:39 | KumanovoNews

    Туристичките агенции во градот имаат богата понуда за прослава на празникот на жената 8-ми март. Поголем дел од понудите се однесуваат на европските метрополи и планинските туристички центри, а помалку за домашните дестинасии.

    Богата туристичка понуда за празникот на жената

    Туристичката агенција „Мерион Травел“  има сопствени аранжмани и тоа: најевтината за еден ден во Врање и чини 1100 денари, потоа аранжмани за Банско за 79 евра, Нови Сад и Сремски Карловци два дена за 99 евра и во Словенија со посета на Љубљана, Постоинска јама по цена од 149 евра.

    Заинтересираност има за сите типови патувања. Имаме и аранжмани кои се во Европа со авион, има убава тура за Барселона, Минхен, Дворците  на Баварија, Фиренца, Швајцарија, Прага, Будимпешта, Венеција со Верона и Трст, Истанбул, Азурен брег. Прекрасни понуди. Патувањето е некаде од 3 март пред 8-ми март или по 8-ми март. Исто така имаме и авионски аранжман за Рим. Има разновидни понуди  и секој може нешто да си избере. Уплати можат да се вршат до почеток на март - вели Мери Миновска, сопственичка на „Мерион Травел“.

    Од „Јоцо Турс“ информираат дека сите оние кои ќе уплатат до 15 февруари имаат попуст од 10 отсто. И кај нив најевтино е патувањето на еден ден до Врање и чини 1000 денари.

    Имаме понуди со едно или две ноќевања. За Србија има понуди за Врњачка бања, Златибор, Копаоник, Соко Бања, Нови Сад -Белград, во БИХ посета на Сараево, во Европа посета на Прага-Братислава-Карлови Вари, Виена, Будимпешта-Виена, Истанбул, Загреб-Плитвички езера, Трст-Венеција-Верона, Банско. Најевтино е за Врање, а најскапа е понудата за Виена и чини 140 евра - велат од „Јоцо Турс“.

    Во туристичката агенција „Мар - Тео“ со авансните уплати од декември затворени се аранжманите за Рим, Барселона, Дубаи, Амстердам и Брисел-Антверпен-Луксембург. Автобуски патувања имаат за дестинациите Љубљана-Блед-Бохињ-Постоинска јама за 149 евра,Азурен брег со посета на повеќе градови за 195 евра, посета на повеќе градови во Швајцарија за 329 евра.  Тргнувањата се во различни термини, пред и по 8 - ми март.