Богослужба за Свети Сава се одржа во „Свети Ѓорѓи“ во Нагоричане
28.01.2016 11:51
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден богослужба за Свети Сава се одржа во црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане.

Бидејќи црквата го слави споменот на светиот Сава, архиепископ српски и светата Нина, рамноапостолна просветителка Грузиска, во храмот „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане, митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, отслужи света Златоустова литургија.
Верниот народ на литургијата се причести со светите христови тајни. По завршувањето на литургијата беше осветен славскиот колач.