Борците ќе ја одбележат Пелинската битка
12.01.2016 14:26
| KumanovoNews
Во селото на 13 јануари 1944 година се водела битката помеѓу кумановскиот баталјон „Јордан Николов-Орце“ и казнено-потерниот бугарски одред Бенковски.
Претставници на Сојузот на борци Куманово утре во селото Пелинце ќе го одбележат денот кога се одиграла Пелинската битка.
Ќе отидеме, ќе положиме свежо цвеќе, ќе има пригоден говор. Има организиран автобуски превоз кој ќе тргне во 10 часот од пред зградата на стар комитет - рече Благе Јакимовски, секретар на Сојуз на борци Куманово.
Овој важен датум се одбележува со пригодна програма секоја година. Во ова битка загинале хероите Ангел Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи.