Борис Новковиќ ќе пее за празникот на градот
Хрватскиот поп пејач Борис Новковиќ на 10 ноември ќе пее на Градскиот плоштад во Куманово, по повод 11 Ноември- Денот на ослободувањето на градот.

Покрај него вечерта ќе настапат Нино Величковски и тамбураши и други гости од домашната естрада, кои се изненадување.
Во очи на празникот ќе се одржи мега концерт, голем концерт на кој покрај наши естрадни уметници ќе настапи и Борис Новковиќ. Како и секоја година и оваа пригодно ќе биде одбележан Денот на ослободување на Куманово, со повеќе програми и содржини кои започнаа од 30 октомври и ќе траат до 11 ноември, кога ќе се одржи свечена седница и кога ќе бидат врачени Ноемвриските награди, ќе се положи цвеќе во 11 часот на Спомен костурница - изјави Жика Крстевски, раководител на секторот за култура и спорт во општина Куманово.
Повеќе спортски настани се одржаа деновиве во знак на празникот, а утре во салата на Гимназијата “Гоце Делчев“ во 10 часот, ќе се одржи турнир во пинк - понг, додека во недела во истиот термин почнува турнирот во одбојка во салата на “Перо Наков“.
На одбележувањето на празникот на градот ќе има гости од збратимените градови и од амбасадите.