Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Старите лица сместени во Домот „Зафир Сајто„ денеска добија пакетчиња со овошје од членките на Клубот на жени на СДСМ.Пригодните подароци ги донираат по повод големиот христијански празник Божиќ, а оваа посета се реализира над 10 години.
Традиционално, барем двапати во годината ги посетуваме старите лица и им носиме подароци.Денеска донесовме над 160 пакетчиња за Бадник и воедно им ги честитавме празниците, но основно е да поминеме одреден период со нив, за да сватат дека не се заборавени и дека има некој кој мисли на нив. Секогаш кога доаѓаме има многу измешани емоции, бидејќи староста е тешка сама по себе, а доста од луѓето имаат и здравствени проблеми и затоа сакаме да им го разубавиме празникот- рече Драгица Велковска, претседателка на клубот.
Во името на старите лица се заблагодари директорката на домот.