×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Божиќен базар за најмалите организираше хуманитарното здружение „Дарио Петровски“

    04.01.2024 21:17 | Оливера Пешевска

     Божиќен базар или работилница со Дедо Мраз организираше Хуманитарната организација „Дарио Петровски“ од Куманово во малата сала на Центарот за култура.

    Божиќен базар за најмалите организираше хуманитарното здружение „Дарио Петровски“

    Ова е втора работилница на која присуствуваа повеќе од 40 деца. Од организацијата велат дека намерата им била да се развеселат дечињата и штитениците од „Порака наша“, да се анимираат и да го почувствуваат празничниот дух.

    Поводот е да ги израдуваме децата пред Божиќ, да не се дома, сега е и распуст. Да излезат од дома, да се поиграат, анимираат, забавуваат и дружат. На работилницата цртаме, боиме, пееме и се забавуваме. Смисливме интересни игри и забава, но ќе настапат со танцова точка и групите Виртус и Фјужн, истакна организаторката Вања Роберт.

    За божиќната забава дечињата украсуваа колачиња, правеа новогодишни украси од картон, најмалите боеја со дрвени боички, а сите заедно убаво се забавуваа.

    Центарот за култура го обезбедил просторот, а сите материјали се обезбедени од сопствени средства на хуманитарната организација.

    ХО „Дарио Петровски“ пред новогодишните празници подели околу 600 пакетчиња, и тоа во училиштата за деца од ранливи категории на граѓани во селата Табановце, Четирце, Горно Којанре, Орашац, Кучкарево, Габреш, Доброшане, Биљановце и на Детскиот оддел на Општа болница Куманово. Со акциите не се ограничени само локално, па имале донации и на детска хирургија на Клиничкиот центар „ Мајка Тереза“ во Скопје, а на Одделот за онкологија донирале новогодишна елка и лампиони.Ги посетиле штитениците од Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје.