„Браќа“ екипен победник на Детски семaфор
12.05.2016 09:56
| KumanovoNews
Екипата на основното училиште Браќа Миладиновци, победи на регионалниот натпревар Детски семафор што вчера се одржа во Куманово.
На годинешново натпреварување учествуваа ученици од 12 основни и средни училишта од Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Кратово, Ранковце и Крива Паланка.
Основците се натпреваруваа во возење велосипед на полигон, додека средношколците решаваа тестови по сообраќајно-техничка култура.
Овој натпревар има за цел да ја запознае младата популација, особено младите возачи со правилата и прописите во сообраќајот, како и со сообраќајната култура-нагласи, - рече Марјан Павличек, од отсекот за сообраќај при СВР Куманово.
Победниците на региналниот натпревар ќе се натпреваруваат на државен натпревар.

