Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oсновното училиште “Браќа Миладиновци“ и оваа година, на општинско ниво, ќе биде домаќин на натпреварот по математика “Кенгур“, кој ќе се оддржи во втората половина на март.
Натпреварот се организира во сите градови во државата во ист ден, а оние ученици кои ќе се пријават од Куманово ќе бидат во нашето училиште. Овој е традиционален меѓународен натпревар во кој Република Македонија зема учество. Досега училиштето “Браќа Миладиновци“ секогаш имало успех - вели Марина Манојловска, директор на “Браќа Миладиновци“.
Се до 20 март основците за учество можат да се пријавуваат кај своите наставници. Победниците од “Кенгур“ ќе имаат шанса за учество на државни натпревари, Олимпијада и Балканијада.