×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Браќа Миладиновци“ започнува соработка со школо од Бернавил

    02.11.2015 10:19 | KumanovoNews

    Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Куманово започнува  соработка со основно училиште од Бернавил, Франција.

    „Браќа Миладиновци“ започнува соработка со школо од Бернавил

    За таа цел, организаторот на проектот и професор по француски јазик во “Браќа Миладиновци“, Зорица Пирганоска и Емилија Николовска, нејзин долгогодишен соработник и одделенски наставик во училиштето, ќе го посетат француското училиште во периодот од 7 до 14 ноевмри. За време на посетата ќе  остварат средби со директорката и професорите од училиштето во Франција, на кои ќе се разговара за текот и начинот на соработката меѓу овие две училишта.

    Соработката на “Браќа Миладиновци“ со основното училиште Буа Ло од Бернавил, Франција го сметам за одличен начин за афирмација на нашето училиште и нашата култура надвор од границите на Македонија. Посетата ќе се одвива од 7 до 14 ноември, а целта е поконкретно да се разговара и разработи планот за претстојната соработка. Се надевам дека во април наредната година ќе се оствари и размена на ученици, односно дека ќе можеме да очекуваме нивна посета. Ова е прв пат нашето училиште да учествува во една ваква соработка и се надевам дека истата ќе биде доста успешна - изјави Пирганоска.

    Соработката ќе се одвива преку разни активности, размени, проекти, а учениците ќе имаат можност директно да комуницираат на француски јазик и одблиску да се запознаат со француската култура и традиција.