Бранко дојде во Куманово
06.08.2014 14:12
| KumanovoNews
Невреме проследено со пороен дожд и силни електрични празнења, попладнево го зафати Куманово.
Силниот дожд почна да паѓа по 16 часот и траеше повеќе од два часа. Вода ги преплави градските улици и предизвика метеж во сообраќајот.
Синоптичарите го најавија невремето Бранко од вчера, при што предвидуваа дека ќе падне и до 30 литри на метар квадратен дожд.