×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Bravo Pool cafe“ го слави првиот роденден

    04.03.2020 17:08 | KumanovoNews

      „Bravo Pool cafe“, едно од најурбаните и најпосетувани кафулиња во градот, го слави првиот роденден. Многу гости и посетители во изминатата година беа дел од успешната приказна на овој препознатлив кумановски локал.

    „Bravo Pool cafe“ го слави првиот роденден

    - Ние сме задоволни како ја истуркавме првата година, со оглед на тоа дека почетокот е најтежок. Организиравме многу интересни забави, тематски журки, родендени, прослави, понудувме квалитетна услуга и пречекавме многу гости. Најголем дел од нив повторно се враќаат, што е показател дека ја постигнавме целта. Кога започнавме со работа сметавме дека наша целна група ќе бидат само младите, поради близината на училиштето и спортскиот комплекс, но праксата покажа дека нашето кафуле стана место на редовни посетители од сите генерации и секојдневно се бара место повеќе. Тоа ни дава за право да се гордееме со нашиот успех. Имаме големи планови и за понатаму, размислуваме за воведување на дополнителни содржини од забавен и сериозен карактер, - изјави Ивана Богдановска, менаџер на „Bravo Pool cafe“.

    Прославата на првиот роденден ќе се одржи задутре (петок), со журка на познатото „ Trio Zez“, а ќе има и изненадувања за сите гости.

    „Bravo Pool cafe“ се наоѓа во зградата на затворениот градски базен во Куманово и претставува извонредно место за дружење и уживање преку ден и во вечерните часови, а особено за викендите кога фреквенцијата на луѓе и забави е интензивна. Внимателно избраниот персонал од искусни професионалци е уште една алка од успешната приказна на менаџерите на задоволството на гостите.

    Уникатното ентериерско решение, голем избор на алкохолни и безалкохолни пијалаци, брзата услуга и позитивната енергија, се само дел од нештата што овој локал го прават пријатно и единствено место за посета.

    Во летниот период во „Bravo Pool cafe“ работи летна бавча, а голема предност за сите љубители на кафето и седенките е големиот паркин простор.