Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Родендени, годишници, пензионирања се вистински пригоди да подарите нешто толку вредно, а сепак по достапна цена.
Часовниците веќе не претставуваат направа за покажување на точното време, тие станаа моден детал, неопходен додаток за вашиот имиџ. Украсете ја вашата рака со високо квалитетен часовник, или измамете насмевка и радост со оригинален подарок. Родендени, годишници, пензионирања се вистински пригоди да подарите нешто толку вредно, а сепак по достапна цена.
По четириесет и пет годишната традиција во изработка и продажба на златен и сребрен накит, „ TIMELESS„ од неодамна својата дејност ја прошири и во областа на часовниците.
Судејќи по пулсот на купувачите, почувствувавме дека е крајно време познатите светски брендови на часовници да станат подостапни на кумановчани. Во самиот центар на градот на ул.Ленинова , веднаш до Градскиот плоштад, во модерен и луксузно опремен дуќан, можете да изберете часовници од брендовите на ESPRIT, CASIO, CERRUTI, JAQUES LEMANS, AXCENT, QUANTUM, а во скоро време очекуваме уште неколку звучни имиња да го збогатат овој избор. Со тригодишна гаранција на сите производи, бидете сигурни дека ќе го направите вистинскиот избор за себе или како подарок за вашите најблиски - рече Ѓокица Гиевски, сопственик на „ TIMELESS“.
Освен часовници “TIMELESS“ нуди и сребрен накит, кој нема да ве остави рамнодушни. Рачно изработен сребрен накит со модерен дизајн е нешто со што можат да се пофалат. Во широкиот асортиман ги нудат и популарните SWAROVSKI кристали во сите бои, кои со својот сјај го обогатуваат среброто претставувајќи совршен спој.
Луѓето сакаат убави и фини работи, кои стануваат вистинска реткост во ова брзо време на инстант и безвредни производи. Се трудиме да го измениме тоа и да им овозможиме на нашите купувачи нешто вредно и трајно - вели Гиевски.