Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Компанијата „Бучен Козјак“ од Куманово е добитник на престижно признание за значаен придонес во развојот на млечната индустрија на Меѓународната агробизнис конференција – МАК 2025, која се одржа на Копаоник, Србија.
Тема на конференцијата била: „Климатските промени и еколошката одржливост во агросекторот и производство на храна“, а присуствувале претставници од повеќе земји од регионот и од Југоисточна Европа.
„Ова признание ја одразува нашата долгогодишна посветеност на високите стандарди, одржливото производство и квалитетот што го испорачуваме на потрошувачите секој ден. Во време кога климатските промени и одржливоста се главни предизвици во агросекторот, ова признание ни дава дополнителен поттик да продолжиме да вложуваме во иновативни, еколошки одговорни и одржливи практики, кои обезбедуваат квалитетна и безбедна храна. Нашата мисија е да ја зачуваме традицијата на производството на млечни производи, но истовремено и да ја унапредуваме со модерни решенија, следејќи ги најдобрите светски трендови во индустријата“, вели директорката Наташа Денковска- Бојковски.
Таа додава дека на конференцијата имале можност да ја претстават компанијата, да споделат искуства и знаења, но и да остварат нови соработки, бидејќи ваквите настани се од суштинско значење за унапредување на млечната индустрија во регионот и пошироко.
„Фокусот беше ставен на предизвиците и можностите во Србија, Македонија, регионот и Југоисточна Европа, со посебен акцент на стратегиите за адаптација на земјоделското производство кон климатските промени, одржливо производство на прехранбени производи, дигитализација, иновации и имплементација на ЕСГ стандарди. Како бренд кој неуморно работи на одржливо производство и висококвалитетни млечни производи, нашата компанија активно учествуваше во дискусиите, споделувајќи добри практики и стратегии за развој на секторот. Ваквите настани се клучни за создавање идејни решенија поткрепени со научно-истражувачки трудови кои ќе ја обезбедат иднината на агробизнис секторот“, смета Денковска- Бојковски.
Агробизнис конференција се одржува по 12. пат, а ја организирале Институтот за заштита на растенија и животна средина-Белград и Научно-деловниот центар WORLD-Краљево.