Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи од Територијалната противпожарна единица Куманово околу полноќ на три локации ги гаснеа запалените автомобили во градот.
Првата дојава ја добиле во 23.33 часот, втората во 30 минути по полноќ и третата дојава била во 50 минути по полноќ. Прво е интервенирано кај Палас, второ спроти поштата и трето во кругот на болницата.
Со брзо гаснење на опожарените возила спречено е понатамошно ширење на огнот и предизвикување на поголема материјална штета. Нашите пожарникари во единицата се вратија во 1.15 часот по полноќ - рече Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.
Кај Палас огнот е изгаснат со 2 возила и 6 пожарникари, спроти поштата делувале со 1 возило и 5 пожарникари и во кругот на Општа болница Куманово кај хирургија со 1 возило и 3 пожарникари.