×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бутик „Мија“ со нова летна колекција и изненадувања за дамите

    22.06.2020 12:27 | KumanovoNews

     Во пресрет на летната сезона пристигна новата колекција на женска облека во бутикот „Мија“.

    Бутик „Мија“ со нова летна колекција и изненадувања за дамите

    Големата понуда на уникатни и модерни фустани, сакоа, сукњи, кошули, фармерки и други квалитетни парчиња во сите броеви можат да се најдат по најповолни цени.

    „Оваа сезона ѕирнете во вашиот гардеробер, и проверете што ви недостига. Широка лепеза на разновидни и квалитетни фустани со летни дезени, во најразлични бои и должина, можете да најдете на едно место. Но, да бидеме искрени, на ниту една жена во гардероберот никогаш не и` е доволно облека. Можеби, разнобојните фустани можете да ги носите на дневна кафе шема, но сепак ноќните излегувања бараат нешто сосема поинакво. Секое парче облека не е за секоја прилика-е основното правило кое треба да го почитувате, доколку сакате да изгледате убаво и дамски“, велат од бутик „Мија“.

    Панталоните се парчиња кои секоја жена треба да ги има во својот плакар, особено во овој период кога времето е променливо, а и затоа што можат да се комбинираат со се` и сешто, од патики до високи потпетици, од комбинација со секојдневна маичка, до елегантна кошула. Во време кога панталоните со висок струк се во тренд, бутикот „Мија“ нуди најразлични модели и бои, а притоа и кратки маички кои можат да ја истакнат вашата фигура.

    Но, тоа е само дел од нивната понуда, која имаат за цел да ги задоволи потребата на секоја жена без разлика на килограмите и годините. Во овој бутик можат да се најдат спортски фустани со џебови, едноделни панталони за патики и потпетици, маички со апликации и најразлични шорцеви во најразлични големина, кои се вклопуваат во дневната летна шема, или пак лелеавите фустани на тенки прерамки.

    Моделите во можете да ги погледнете на фејсбук страната, но и директно во бутикот каде одблиску можете да го видите материјалот и да се уверите во квалитетот и професионалноста на овој тим, кој секогаш знае да ви даде соодветна препорака.

    За секое купување или нарачка, поголема од 3000 денари, добивате подарок женска марама, кои секогаш  се интересен моден додаток, меѓутоа сега и обврска за носење, поради заштита од коронавирусот.

    Бутикот „Мија“ во Куманово, се наоѓа во салонот на поранешна „Црногорка“, на улица „Народна револуција“.