×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Бувљакот„ останува на добиточниот пазар

    25.11.2014 13:50 | KumanovoNews

    Просторот на добиточниот пазар во селото Долно Којнаре ќе се користи за продажба на половни предмети, односно таму ќе работи т.н. „бувљак„, тврдат наделжните служби.

    „Бувљакот„ останува на добиточниот пазар

    Продавачите кои за време на викендот ги поставиле своите тезги на паркингот кај спортската сала учествувале на есенски панаѓур, кој го организирал бизнисмен од Штип.

    Не станува збор за враќање на „бувљакот„ на старата локација, туку инцидентно беше организиран панаѓурот, кој секоја година се одржува на пролет и есен. Паркингот од вчера повторно е слободен и ја врши својата функција за паркирање на возила, - вели Бане Јовановски, директор на спортската сала Куманово.

    Продавачите на стари предмети беа избркани од кај спортската сала при крајот на октомври, по што Советот донесе одлука тие да се лоцираат на добиточниот пазар. Со просторот стопанисува ЈП „Пазаришта„, а пазарот работи во четврток и недела.

      Тогаш акцијата на инспекцијата доби силна подршка од граѓаните, но кога  викендот повторно ги видоа продавачите, многумина реагираа, бидејќи сметаат дека треба да се опстои во одлуката, и да не се дозволи продавачите повторно да се вратат на старото место, откако простор се исчисти и заличи на урбан дел од градот.