Мени

Цариници повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

30.12.2015 09:41 | KumanovoNews

Тројца цариници се повредени во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу 7.15 часот, при превртување на комбе на Царинската управа на автопатот Куманово - Скопје.

Цариници повредени во сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје

Повредените цариници се префрлени на клиниките во Скопје. Засега нема информации за какви повреди станува збор. Сообраќајот повеќе од еден час беше во прекин.

На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа на МВР, која треба да ги утврди причините за сообраќајката незгода.