×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Чавков делеше флаери за безбедно патување на Табановце

    11.07.2015 11:52 | KumanovoNews

    Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков денеска на граничниот премин Табановце делеше флаери за безбедно патување во Македонија.

    Чавков делеше флаери за безбедно патување на Табановце

    Флаерите им ги подели на странците кои влегуваат во земјава. Оваа летна акција за безбедност на патиштата се реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

    “Флаерите се на англиски јазик. Имаат скица на Република Македонија, скица на патишта, за прилагодување на брзината на возење според условите на патиштата. Сметаме дека и оваа кампања ќе даде соодветен придонес во безбедносните состојби на патиштата. Ние бележиме некои успеси. Само за илустрација, во првата половина од 2015 година имаме значително намалување на сообраќајните несреќи со смртни последици. Мислам дека имаме оваа година 60 случаеви со смртни последици, за разлика од лани кога имаше 71 случај“- кажа Чаков.

    Министерот потенцира дека и понатаму ќе работат на подобрување на безбедноста во сообраќајот, посебно на коридорот 8 и 10, кои имаат поголема фреквенција на патници, а флаери ќе бидат поделени на сите гранични премини.

    “Целта на кампањата е подобрување на безбедноста на странските туристи кои транзитираат во Република Македонија и подигнување на нивната свест за учество во сообраќајот. Во оваа прилика сакам уште еднаш да упатам апел до странските туристи, но и до домашните возачи внимателно да се однесуваат во сообраќајот, да ги почитуваат правилата и прописите и одговорно да управуваат со своето моторно возило“- вели Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП.

    Од МВР и РСБСП кампањата ја прават во овој период од годината, бидејќи поради летните одмори има поголема фреквенција на патници и туристи.