×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе добијат ли помала плата лекарите што штрајкуваат?

    11.12.2012 09:46 | KumanovoNews

    Еден дел од лекарите специјалисти од Општа болница Куманово, кои изминатиот период штрајкуваат ќе добијат само 80 проценти од платата, додека другите 120 проценти. Оваа непотврдени информации деновиве била пласирана во лекарските кругови, но не се знае по кој критериум ќе се одредува месечната заработка.

    Ќе добијат ли помала плата лекарите што штрајкуваат?

    - Тоа се неофицијални информации, а никој не не известил дека има нов начин на пресметување на плата. Тоа е целта да не разединат. Ние имавме добар одзив од граѓанството на протестот во сабота. Сакаат да не поколебаат, но односот пациент - лекар никој не може да ни го земе, и тоа не се плаќа со пари - вели Билјана Анастасовска, претседател на штрајкувачки одбор.

    Лекарите штрајкуваат од 14 минатиот месец. Платата обично им се исплаќала до 10 во месецот, но деновиве исплатата малку доцни за што лекарите не се загрижени, но велат дека се прават напори да дојде до разединување на фелата.