Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фаза на печатење е книгата “Исплетена детска среќа“ на Божана Трајковска.
Книгата наскоро ќе излезе од печат и до крајот на месец октомври ќе биде промовирана пред кумановската јавност. Оваа збирка содржи 86 песни за деца.
Темите се од секојдневниот живот. Песните се пишувани со ритам и рима. Рецензентот за неа напиша дека може да послужи како учебник за деца. Во последно време имаше апел од Министерството за култура да се пишуваат книги за деца и тоа ме поттикна да ја напишам оваа збирка - рече Трајковска.
На Трајковска ова и е 8-ма по ред објавена книга, а во ракопис има повеќе книги за кои се надева дека во иднина ќе ги издаде. Промоцијата на “Исплетена детска среќа“ е поддржана од Министерството за култура.