Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од следниот месец невладината организација “Врама Си“ продолжува со едукативните работилници наменети за децата со послаб успех. Како и досега ќе бидат опфатени децата од предучилишна возраст и децата од шесто до осмо одделение.
Целта е да им помогнеме на децата да го совладаат она што не успеале да го научат на часови. Пред секој верски и државен празник имаме работилница. Ја развиваме моториката, ја поттикнуваме кретивноста на децата. Имаме едукатори со долгогодишно искуство. Работилници посетуваат деца од ромска националност, но ги има и од други етнички заедници. Учат за хигиена како да одржуваат, учат македонски јазик. Во месецот има барем две работилници - вели Анета Додевска, администратор во “Врама Си“.
Со помош на УСАИД и Фондација Песталоци овие проекти се спроведуваат повеќе години во Куманово.