Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од септември организацијата на жени “Кумановка“ ќе продолжи со работилниците за решавање на меѓуетнички конфликти при што ќе бидат повикани граѓани од мешани населби.
Планирано беше да направиме вкупно 12 работилници и 6 веќе се реализирани. Останатите ќе бидат од септември, а на нив ќе учествуваат луѓе од десет мешани месни заедници. Ќе бидат опфатени места каде живеат Македонци, Срби, Албанци, Турци. Работилниците ќе бидат интерактивни, а на нив можат да учествуваат и членовите на Комисијата за односи меѓу заедниците - рече Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“.
Таа додава дека вакви работилници треба да се организираат бидејќи Куманово е мултиетнички град и треба да се градат добри меѓуетнички односи.