×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе продолжи проектот за општинско-корисна работа

    29.12.2015 12:59 | KumanovoNews

    Ќе продолжи проектот за општинско-корисна работа и во 2016 година, соопшти денеска градоначалникот Зоран Дамјановски при посета на Дневниот центар за лицата со попреченост.

    Ќе продолжи проектот за општинско-корисна работа

    Тој вели дека овој проект дал резултати кај оваа категорија граѓани и на 3 декември-Светскиот ден на лицата со попреченост, одлучиле да го продолжат проектот.

    Размислуваме во 2016 година општината да оддели средства и овие луѓе кои дадоа голем придонес, во реинтеграција на лицата со пречки во развојот во општеството, да ги поддржиме и проектот да продолжи. Се надевам дека она што го видовме, за изминативе две години, за нивната активност, за нивниот ентузијазам во насока на реинтегрирање на лицата со пречки во развој во општеството, ќе даде уште поголем придонес. Локалната самоуправа ќе го продолжи проектот, се надевам дека ќе имаме уште поголеми успеси - рече Дамјановски.

    По повод Нова година, на лицата згрижени во Дневниот центар за лицата со посебни потреби им беа поделени пакетчиња. Ивица Благојевиќ, психолог  од Дневниот центар за лица со попреченост, кажа дека 2015 година за нив била многу успешна и ги оствариле сите планирани активности.

    Во 2015 година ни беше пробен период за да видиме до каде стасавме со работни дисциплини за лица со посебни потреби. Се обидовме да ткаеме. Направивме едни импровизирани мали разбои. Ткаевме одредени парчиња, сега планираме да почнеме со поголеми, да земеме професионални разбои, да ткаеме, да работиме за да и овие лица се чувствуваат општествено способни - вели Благојевиќ.

    Во овој Дневен центар има 24 постојани корисници и 2 кои доаѓаат повремено.