×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се активира младинска канцеларија во Гимназијата

    21.12.2015 14:06 | KumanovoNews

    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ ќе се преуреди и ќе работи младинска канцеларија.

    Ќе се активира младинска канцеларија во Гимназијата

    Ова е само еден од новитетите кои ги најави училишната заедница во Гимназијата „Гоце Делчев“. Оттаму порачуваат сите училишта во Куманово и Македонија да формираат училишни заедници преку кои ќе се слушне гласот на учениците.

    Училишната заедница во училиштето веќе неколку години има традиција да работи, но оваа година успеавме да почнеме со реализирање на најразлични проекти. Во планот на училишната заедница за оваа година е отварање на младинска канцеларија, која постоеше во Гимназијата, но ќе мора да се преуреди за потребите на младите. Во програмата ни стои дека ќе  присуствуваме на различни обуки, конференции, дебати кои ги организира невладиниот сектор. Ќе ги следиме сите проекти кои се плус  за младите и ќе доставуваме апликации за подобрување на образовниот систем во нашата држава - вели Игор Пешевски, претседател на училишната заедница во Гимназија „Гоце Делчев“.

    Како резултат на соработката помеѓу училишната заедница и Коалицијата на невладини организации СЕГА од Прилеп, денеска во училиштето беа доставени две канти за смет и огласна табла кои ќе им користат на средношколците.