Ќе се изнајмат украси за украсување на градот
09.12.2015 15:14
| KumanovoNews
Јавното претпријатије „Куманово-паркинг“ распиша тендер за изнајмување на украси за новогодишно украсување на градот.

Украсувањето на градот ќе започне по 15 декември, при што акцентот ќе биде ставен на централното градско подрачје.
Ќе бидат украсени двата плоштада, булеварите “Трета МУБ“ и “Октомвриска револуција“, улиците “Доне Божинов“ и “11 Октомври“. На плоштадот ќе биде поставена елка висока 6, а широка 3.5 метри со метална конструкција. Градот ќе биде накитен месец дена - рече Фадиљ Шабани, директор на “Куманово-паркинг“.
Градот се очекува да биде раскитен околу Стара нова година.