Ќе се легализираат црквата во Тромеѓа и Градската џамија
Селската црква во село Тромеѓа и Градската џамија ќе се легализираат, а денеска советниците изгласаа одлука на Совет, со која овие верски објекти се ослободуваат од плаќање на комуналии.

Претседателот на Советот, Максим Димитриевски објаснува дека верските објекти се дивоградби и ќе мора да поминат низ истата процедура.
Во моментот овие два објекти дојдоа како точка на дневен ред. Советот донесе одлука едногласна да истите бидат ослободени од плаќање на комуналните давачки поврзани со постапката за легализација на дивоизградени објекти. Не само објекти кои се сопственост на овие две верски заедници, туку сите верски заедници воопшто на територија на општина Куманово ќе поминат на оваа постапка - објасни Димитриевски.
Димитриевски кажа дека како граѓани советниците се должни да им излезат во пресрет на верските заедници на ваков начин.