Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нови седумдесетина паркинг места во зоната А ќе добијат граѓаните во центарот на градот, на локалитетот Берза, зад Хотел Куманово.
ЈП Куманово-паркинг, го расчисти паркингот од хаварисаните возила и ги обележа местата, по што ќе започне со наплата на паркирањето.
„Како што беше најавено го прошируваме паркин просторот во градот. Со обележување на новите места ќе добиемо 71 место за паркирање на автомобили и 2 за инвалидска количка. Овој паркин простор ќе биде во зоната К3 и ќе важат истите услови и досегашните правила за паркирање, - вели директорот на ЈП Куманово- паркинг Фадиљ Шабани.
Наплатата на паркингот ќе започне во наредните 2-3 дена откако ќе се бидат завршени сите технички подотовки.
Наредната обврска на претпријатието е да ја стави во функција зоната Б на паркирање.