Ќе се оддржи обука за е - даноци
23.07.2013 13:04
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре ќе се оддржи обука за е - даноци.

На еднодневната обука ќе бидат презентирани практични примери и дел од регулативата за користење на е - даноци. На обуката ќе учествуваат правни лица, самостојни вршители на дејност и вработени од сметководствени бироа.
Обуката почнува во 12 часот во организација на Управа за јавни приходи - Даночна академија.
Паралелно во уште четири градови во Македонија ќе се спроведе истата обука.